Конте: Јас кажувам кој останува, а кој го напушта Наполи… само за еден играч ми се врзани рацете!

by bojan
2 минути читање
Конте

Антонио Конте попладнево беше промовиран како нов тренер на Наполи, порача дека тој ќе го има последниот збор околку изгледот на тимот и откри дека рацете му се врзани само кога е во прашање Виктор Осимен.

Наполи реши да започне нов проект со Антонио Конте и стратегот попладнево беше промовиран пред новинарите.

Тој веднаш стави до знаење дека ќе биде главен, ќе кажува кој ќе остане, а кој ќе треба да си бара нов клуб, ова нема да важи само за Виктор Осимен, кој има отпкупна клаузула и ветување за трансфер.

„Го одбрав Наполи поради проектот. Ставив потпис на тригодишен договор и со претседателот бевме јасни, сакаме да го направиме Наполи веродостојна алтернатива на вообичаените фаворити за титулата. Треба да направиме реконструкција на тимот. Потребно е време и трпеливост. Овој проект ми дава ентузијазам, имам пеперутки во стомакот“ – вели Антонио Конте.

„Зедно со раководството ќе го менаџираме тимот, но бев јасен со претседателот, јас одлучувам кој ќе остане а кој може да замине. Бев категоричен, не можеме да одиме напред ако ги продаваме најдобрите играчи и добив 200% гаранции од клубот“.

„Им се јавив на момците, им кажав какви ми се плановите и идеите а во исто време слушнав што имаа тие да кажат, доколку има некој проблем, мораме да го решиме бидејќи јас го имам последниот збор. Секој кој е дел од проектот останува“.

Изминатиов период има многу гласини за заминување на Ди Лоренцо, Кварацхелија и Осимен.

„Ди Лоренцо е топ фудбалер и одлично момче, многу важен за соблекувалната. Истото важи и за Кварацхелија. Ќе мора да ги засукаме ракавите и да почнеме од почеток“.

„Што се однесува до Осимен, има одреден договор од претходно, и неговата ситуација е различна од другите. Се работи за извонреден играч, но мене ми се врзани рацете во овој случај“.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани