Наполи загуби на гостувањето кај Милан (2-1) во дербито на петтото коло во Серија А. На овој натпревар се случи интересна сцена. Кевин Де Брујне кој беше заменет со Ељиф Елмас не беше задоволен дека предвреме го напушта теренот, па имаше бурна реакција.
На тоа одговор му даде тренерот Антонио Конте кој му испрати порака дека избрал „погрешна личност“ за незадоволство. Сепак, неколку денови подоцна Италијанецот ја смири топката.
„Не се работи за ситуацијата. Тие кои добро ме познаваат и знаат како управувам со нештата знаат како треба да се однесуваат. Понекогаш играчи кои не ме познаваат доволно прават грешки. На мене е да ја вратам ситуацијата на почеток и да ги повторам концептите на целата група. Првпат дозволувате такво нешто, но вторпат веќе не“, прокоментира Конте.
Според информациите веднаш в понеделникот Конте имал состанок со целиот тим, но разговарал и насамо со Де Брујне. Иако нема „зла крв“ во моментов, сепак италијанскиот стратег нема да толерира пак такво однесување.