Конте ја погоди замената, Батшуаји со првиот гол во Премиерлигата ја донесе титулата! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Антонио Конте во својата прва сезона на кормилото на Челси стигна до
титулата во Премиерлигата.

Вечерва, „Сините“ со минимални 0-1 славеа на гостувањето кај ВБА и го
осигураа насловот шампион на Англија.

Домаќините долго време одолеваа на нападите и се чинеше дека ВБА ќе го
одложи славјето на Челси, но Антонио Конте ја погоди замената.

Летното засилување Миши Батчуаји, кој за 40 милиони евра пристигна на
Стемфорд Бриџ од Марсеј, влезе во вториот дел и во 82. минута погоди за својот
прв гол во Премиерлигата, победа над ВБА и шампионска титулата на Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани