Конте избрал помеѓу Мората и Лукаку, Италијанецот пресекол по кој голгетер да тргне

by
0 минути читање

Челси планира да ангажира нов напаѓач во летниот преоден рок, а на листата со желби се Алваро Мората од Реал Мадрид и Ромелу Лукаку од Евертон.

Последните информации велат дека Антонио Конте пресекол, и одлучил да се насочи кон Ромелу Лукаку.

Италијанецот се решил на еден ваков чекор бидејќи Ромелу Лукаку одлично ја познава Премиерлигата и има големо искуство од настапот во најсилното првенство на Англија.

Белгијанецот исто така ќе ја подобри и квотата на Челси за играчи кои потекнуваат од школата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани