Антонио Конте
постави нови стандарди на Џузепе Меаца, Интер со 2-1 денеска триумфираше против
СПАЛ за 12 победа од 14 натпревари и старт во сезона каков што „нероаѕурите“
немале никогаш.
Лаутаро Мартинез
со два гола во првото полувреме го трасираше патот до историја. СПАЛ погоди на
стартот од вториот дел, но тоа беше се што сторија гостите па трите бода останаа
во Милано. Овој триумф, како и киксотна Јувентус значеа прво место на табелата
за Интер.
Лацио го држи
чекорот со водечките откако со 3-0 го совлада Удинезе на нашиот Илија Несторовски.
Чиро Имболи постигна два гола, можеше и хет-трик, но му дозволи на Алберто да
изведе пенал во финишотн на првиот дел.
На последниот
натпревар од 15 часот, Милан со 0-1 славеше на гостувањето кај Парма. Стрелец
на погодокот вреден три бода беше Тео Ернандез во финишот од мечот. Левиот бек
одлично се снајде откако една одбиена топка му се врати во нозе и прецизно
стрелаше за голема радост.