Конте: Играњето пред празни трибини не е убаво, но…

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Интер, Антонио Конте вели дека играњето на големото дерби во
претстојното 26 коло од „Серија А“ против Јувентус без навивачи на трибините не
е убаво, меѓутоа додава дека треба да се почитуваат препораките од
здравствените институции.

Во Италија владее
загриженост поради појавата на коронавирусот во таа земја, особено на Северот,
па од таму дојде и одлуката да се одложат натпреварите, а претстојните ќе се
играат без публика на трибините, така ќе биде и во недела во Торино на големото
дерби помеѓу Јувентус и Интер.

Сметам дека
играњето пред затворени врати на стадионите не е убаво, на фудбалот им се потребни
навивачите, потребна е вообичаената атмосфера, најубавото нешто на натпреварите

вели Конте за „Скај Спорт Италија“.

Со оглед на тоа
што веќе го кажав, одлуките се донесени со цел заштита од здравствен аспект, но
се надевам дека се
ќе се
врати во нормалните активности
“ додава Конте.

Интер утревечер
го пречекува бугарски Лудогорец во реванш пресметката од 16финалето од Лига
Европа, откако „Нероаѕурите“ претходно славеа со 0-2 на гости, а реваншот ќе се
игра без публика.

Што се однесува
за дерби пресметката со Јувентус, тоа ќе биде еден важен меч за обете екипи,
како и генерално гледано во битката за титулата во „Серија А“, од причина што
бранителот на титулата Јувентус со 60 бода е на првото место моментално, а по
него следат Лацио со 59, односно Интер 54 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×