Италијанецот и
Португалецот веќе имаа еден инетересен дуел во октомври кога Челси со 4-0
славеше над Манчестер јунајтед, тогаш на Жозе Мурињо му пречеше претераното
славење на Антонио Конте.
Вечерва тие
одново се судрија покрај аут линијата и тоа по еден не толку опасен старт на Валенсија врз Алонсо.
Антонио Конте се
упати кон четвртиот судија до кој веќе стоеше Жозе Мурињо, и двајцата стратези
почнаа да си викаат еден на друг, за потоа да дојде и Мајкл Оливер и да ги опомени дека нема да толерира такво однесување.
Очигледно Мурињо
и Конте имаа нерасчистени сметки за стартот кој се случи неколку минути претходно,
кога Ерера доби втор жолт картон и исклучување за прекршок од зад грб врз Азар.
Conte-Mourinho de Copa, minutos después de la expulsión de Ander Herrera pic.twitter.com/yGjijLImGM
— José Luis Corrochano (@JLCorrochano) March 13, 2017