Минатата недела
се појавија гласини за можно заминување на Антонио Конте од Стемфорд Бриџ.
Извештаите велеа
дека стратегот наводно бил лут на управата поради тоа што се уште не е донесено
ниту едно засилување.
Италијанецот
составил листа со желби, но Челси не сака да го одврзе ќесето, премногу калкулира, па преговрите за
ангажман на Ромелу Лукаку и Тимуе Бакајоко тапкаат во место.
Но последните
стории велат дека Антонио Конте и Челси нема да се разделат, напротив стратегот
ќе добие нов богат договор.
Скај Италија
пренесе дека двете страни ги „пеглаат“ последните детали и наскоро ќе се
подадат рака.
Антонио Конте ќе
зработува помеѓу 9,5 и 10 милиони фунти по сезона и ќе стане најплатен менаџер
во историјата на Челси.