„Сините“ летоска
ќе треба да назначат нов број 2, Стив Холанд ќе го напушти клубот по крајот на
сезоната и ќе му биде асистент на Герет Саутгејт во репрезентацијата на
Англија.
Според пишувањата
на Тајмс, Антонио Конте и Роман Абрамович имаат несогласување околу тоа кој да
пристигне на Стемфорд Бриџ.
Антонио Конте
преферира тоа да биде странец, или поточно Италијанец, додека пак Роман
Абрамович и Челси сакаат да ангажираат Британец.
Откако
милијардерот од Русија го купи Челси, помошници секогаш се тренери од
„Островото“ како Стив Кларк, Реј Вилкинс, Пол Клемент, Еди Њутон и Стив Холанд,
и „Сините“ не сакаат да се откажат од оваа практика.
Клубот од
Стемфорд Бриџ на овој начин сака да се осигура дека ќе има некој што го познава
клубот и фудбалот во Англија доколку Антонио Конте замине или пак добие отказ,
нешто што е честа практика во Челси изминативе години.
Тајмс исто така
додава дека Антонио Конте и Роман Абрамович имале слично недоразбирање и кога
стратегот за прв пат пристигнал во клубот.
Проблем
била големината на тренерскиот персонал, но клубот тогаш дозволил Антонио Конте
да донесе шестмина Италијани, помеѓу кои и неговиот брат Џанлука.
Во меѓувреме, поранешниот
асистент на Челси, Реј Вилкинс открива дека Антонио Конте сака да го именува
Андреа Пирло како свој помошник.
Легендата на Италија се уште игра активно фудбал и ги брани боите на Њујорк
Сити.