Конте и Абрамович се надитруваат со откупни клаузули

by
1 минути читање

Италијанецот има
одлична прва сезона на „Островото“, Челси цврсто чекори кон титулата во
Премиерлигата, а „Сините“ се во игра и за трофејот од ФА Купот.

Но и покрај тоа
често се говори за можно заминување на Антонио Конте од Стемфорд Бриџ.

Се шпекулира дека
новите сопственици од Кина на Интер се обидуваат да го примамат Антонио Конте
за враќање во Серија А со богата понуда.

Челси не сака да
го загуби стратегот, па веќе се започнати преговори за продолжување на
соработката.

Денешното издание
на Тутоспорт открива повеќе детали од преговорите.

Весникот пишува дека Роман Абрамович е подготвен да му даде годишна плата на Антонио
Конте од 15 милиони евра, но сопственикот на Челси инсистира и на откупна
клаузула од 50 милиони евра.

Антони Конте ги
прифаќа овие услови, но има свој контра предлог, односно бара да биде вметната
уште една клаузула според која ќе добие обештетување од 20 милиони евра
доколку добие отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани