Диего Коста се врати во Атлетико Мадрид, а шпанскиот
прволигаш му исплати на Челси 67 милиони фунти на име обештетување за
напаѓачот.
Коста подолг период беше во „војна“ со италијанскиот
стратег од клупата на тимот од „Стемфорд Бриџ“, Антонио Конте, а тој денес на
пресконференција за медиумите подвлече неколку зборови со кои го испрати
Шпанецот.
„Не заборавам дека ние заедно освоивме нешто ланската
сезона“ рече Конте мислејќи на титулата во англиската Премиерлига.
„Ние му посакуваме се најдобро во иднина, во моментов
размислувам само за идните планови и чекори во клубот, не сум за интересиран да
разговарам повеќе на оваа тема, работам со моите фудбалери, среќен сум што
работам со такви професионалци“ додаде Италијанецот.