269
Тренерот на Наполи, Антонио Конте е полн со пофални зборови за македонскиот фудбалер кој постојано е во стартниот тим на актуелниот италијански шампион.
Елмас синоќа го даде својот прв гол оваа сезона откако со убав полуволеј ја затресе мрежата на Торино. Пофалби стигнуваат од сите страни, а најголеми се од Конте.
„Да не го заборавиме Свети Елмас бидејќи тој заслужува споменик. Тој разбира фудбал, инволвиран е во мечот, може да игра на многу позиции, игра како дефанзивен играч од средниот ред и како напаѓач во средниот ред, тој е неверојатен фудбалер. Стартуваше на 18 натпревари во низа, имаме среќа што го имаме“, рече Конте за Елмас.