Конте ги „пецна“ Мурињо и Гвардиола: Не можете со пари да ја купите титулата во Премиерлигата

by
2 минути читање

Пред почетокот на
сезоната, сите очи беа вперени во Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо, кои седнаа на
кормилото на двата клуба од Манчестер.

Но Антонио Конте
и Маурисио Покетино го украдоа шоуто, и двата клуба од Лондон се тие кое се
борат за титулата.

„Оваа сезона
покажува дека оној што троши најмногу не мора да победува
– вели Антонио Конте.

„Во спротивно, на
врвот немаше да бидат екипи како Челси и Тотенхем. Или Арсенал и Ливерпул. Ме
разбирате?

Запрашан дали
очекува клубовите од Манчестер летоска одново да потрошат огромни суми на
засилување, Конте одговори: „Да, исто како и секоја година
.

„Можете да
погледнете што правеа во минатото, можете да видите дека секоја сезона трошат
многу пари
.

„Тоа е нормално
за нив. Доколку мислат дека тоа е начинот кој ќе им донесе титули, слободно нека
трошат пари
.

„Секој клуб си
има своја стратегија
.

Челси пред
почетокот на сезоната потроши околу 110 милиони фунти на засилувања, Манчестер
јунајтед нешто помалку од 150 милиони фунти додека пак Манчестер Сити потроши
140 милиони фунти, и уште 27 милиони фунти во јануари за Габриел Жесус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани