Конте е очаен: Донесете ми го по секоја цена, дури и за 100 милиони фунти!

by
1 минути читање

Италијанецот го идентификувал Ромелу Лукаку како идеално засилување, но Челси никако да постигне договор со Евертон.

„Карамелите“ бараат 100 милиони фунти за напаѓачот, но „Сините“ се обидуваат да се исценкаат и да поминат со 80 милиони фунти.

Ваквата тактика не вроди со плод, па Антонио Конте е очаен и наредил да се плати колку и да треба.

Телеграф пишува дека менаџерот на Челси дал зелно светло за рекордна зделка вредна 100 милиони фунти.

Во меѓувреме, Мирор вели дека Диего Коста го кочи трансферот на Ромелу Лукаку.

Бразилецот со шпански пасош е известен дека повеќе не е дел од плановите на Антонио Конте, и се очекуваше тој до сега да направи богат трансфер во Кина.

Но Диего Коста преферира враќање во Атлетико Мадрид и покрај тоа што „Колчонероси“ не можат да го регистрираат до почетокот на следната година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани