И покрај тоа што
Антонио Конте во својата прва сезона во Англија ја освои Премиерлигата,
минатиот месец често се говореше дека стратегот би можел да го напушти Челси.
Но по серија
преговори, „Сините“ успеаја да го убедат стратегот да остане со ветување за
нов побогат договор и преку 200 милиони фунти за засилување на составот.
Антонио Конте
стокми листа со желби на која беа имиња како Ромелу Лукаку, Алексис Санчез, Вирџил
ван Дијк, Тимуе Бакајоко, Алекс Сандор.
Но ниту еден од
овие играчи не пристигна на Стенфорд Бриџ до овој момент, се веруваше дека
Ромелу Лукаку е многу блиску до стане првото засилување, но работите доживеаја
шокантен пресврт.
Манчестер
јунајтед за кратко време се договори со Евертон и го украден напаѓачот пред
лутиот ривал.
Се говори дека по
ваквиот развој на настаните Антонио Конте е бесен.
Напаѓачот бил
прва желба на Италијанецот, и тој вложил многу труд и време во зделката и
очајно посакувал да го врати Ромелу Лукаку на Стемфорд Бриџ
Мирор вели дека
Конте редовно бил во контакт со голгетерот и правел тактички планови за новата
сезона со Лукаку во форот.
Па неуспехот на
лидерите на Челси да го донесат Белгијанецот може одново да направи јаз помеѓу двете
страни и Антонио Конте да замине.