933
Кевин Де Брујне беше заменет во 73. минута од мечот меѓу Милан и Наполи при резултат 2-1, а тоа воопшто не му се допадна на Белгиецот.
По излегувањето од теренот тој гестикулираше луто многу веројатно кон Антонио Конте. По натпреварот тренерот на Наполи доби прашање за ситуацијата и јасно му порача на белгискиот фудбалер:
„Де Брујне? Се надевам дека неговата фрустрација беше поради резултатот. Ако беше лут за други работи, тогаш ја одбра погрешната личност за такво нешто“.
Слична сцена се случи и пред десетина дена на натпреварот меѓу Манчестер Сити и Наполи на „Етихад“. Тогаш Де Брујне беше жртвуван поради исклучувањето на Ди Лоренцо уште во првиот дел, а тоа воопшто не му се допадна.