Газдата на
чемпионшиплигашот Лидс, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец
Езгјан Алиоски, Италијанецот Андреа Радризани откри дека имал големи тренерски
имиња како опции за клупата на тимот од Еланд Роуд.
На списокот на
неговите желби се наоѓале Антонио Конте, Клаудио Раниери и Роберто Мартинез,
истовремено додаде како паднала одлуката на Марсело Биелса.
„Конте беше на
листата, со него сигурно ќе обезбедевме место во Премиерлигата, би му понудил и
20 милиони евра, но потоа го контактирав Клаудио Раниери кој беше изненаден од
нашиот интерес, но одби поради тоа што очекувал повик од некоја екипа во
посилните лиги. Дури и разговарав со Роберто Мартинез (селекторот на Белгија),
но Белгија беше пречка“ откри првиот човек на тимот од Еланд Роуд.
Финалната одлука
паднала на 63 годишниот
аргентински стратег Биелса кој го предводи тимот на фантастичен можен начин,
реализирајќи три победи во исто толку меча на стартот од новата сезона во
Чемпионшиплигата. Радризани објаснува дека разговорите со него се случиле во
Буенос Аирес, финалните траеле цели десет часа.
„По сите
случувања, на крајот од мај, разговарав со спортскиот директор, Виктор Ора, тој
рече дека Биелса би бил идеално решение, но веројатно невозможно да се постигне
договор со него. Овие негови зборови само ме мотивираа повеќе, неколку дена
потоа разговаравме со него и склучивме договор за 3 милиони фунти, кои ќе ги
подели со неговиот стручен штаб, и додатно една година плус како опција, имавме
десет часовен разговор во Буенос Аирес“ истакна тој.
„Тоа што е
интересно за него, е фактот што ги анализирал последните наши 20 натпревари, веќе
имаше познавање за нашите фудбалери, вклучително и помладите“ заклучи Радризани
во интервјуто за Газета дело Спорт.