Консеисао откри какви се емоциите пред дебито на клупата на Милан токму против својот син

by bojan
1 минути читање
Консеисао

Сержо Консеисао вели дека сакал да имал некој ден повеќе за подобро да се подготви за дуелот против Јувентус, но додава дека е подготвен за предизвикот и ќе се обидат да победат.

Во последните денови од 2024 година, Милан реши да му врачи отказ на Пауло Фонсека и да го именува Сержо Консеисао за нов тренер.

Судбината сакаше Португалецот да дебитира на клупата на „росонерите“ токму против својот син Франсиско и пресметката против Јувентус во Суперкупот на Италија.

„Не сум возбуден, ниту пак емоционален. Дома, јас сум неговиот татко, но утре за време на натпреварот ќе бидеме противници. Така тој е израснат. Сакам да го победам, тој ќе сакаме да ме победи мене. Се надевам дека јас ќе бидам посреќен утре…“ – рече Сержо Консеисао на денешниот прес.

За тоа како течат подготовките за дуелот со „старата дама“ во Саудиска Арабија, тој вели: „Најдов скромен тим кој сака да учи и да разбере што сака новиот тренер. Ова е фундаментално, ова е основата за квалитетна работа. Очигледно е дека имаме малку време за работа, би сакал да имав на располагање некој ден повеќе за работа, како и сите играчи на располагање, но знаев на што се нафаќам кога ми се јавија“.

„Мораме со исправени глави да пристапиме кон овој притисок, имаме уште две тренинг сесии за да се подготвиме што е можно подобро и утре да одиме на победа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани