Консеисао: Не дојдов во Милан за да стекнувам пријатели, туку да победувам!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Милан победи на деби натпреварот на новиот тренер Серџо Консеисао, во полуфиналето на Суперкупот против Јувентус со 2-1.

Со пресврт „росонерите“ се радуваа на средбата во Ријад, доаѓајќи до успех на крајот. Консеисао беше задоволен од одиграното во второто полувреме, откако откри дека реагирал на паузата.

Фудбалот е страст и емоција, а тоа ви е потребно во животот. Ова се убави моменти. Фудбалерите ја заслужија победата, заслужија да играат финале. Во првиот дел не бевме на ниво и моравме да го промениме пристапот. Се погледнавме во очи на паузаат, а играчите разбраа што треба да направат за да победат. Работам со квалитетна група. Сиет ја прифатија пораката, иако добија тренер кој не се смешка многу. Јас не дојдов во Милан за да стекнувам пријатели, туку да победувам“, изјави Консеисао.

Милан в понеделник ќе игра во мечот за трофејот против екипата на Интер во терминот од 20:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани