Тренерот на Милан, Серџо Консеисао беше видно вознемирен по вчерашниот пораз од Болоња, кој е втор по ред во Серија А.
Милан се бори за топ четири, но игра во лоша форма и поразите од Торино и Болоња може скапо да го чинат. Росонерите беа елиминирани и во Лигата на шампионите од Феенорд, па притисокот врз Консеисао станува се поголем.
„Ако јас сум проблемот, ако не сум потребен ќе си ги соберам работите и ќе си заминам без ниту едно евро да побарам за тоа. Имам околу 100 натпревари во Лигата на шампионите и освоено 13 трофеи во кариерата, има тренери кои немаат ниту еден трофеј и сепак добиваат огромна поддршка. Не е фер“, рече Консеисао меѓудругото.
Милан во моментов е на осмата позиција на табелата во Серија А со дури осум бода помалку од четвртопласираниот Јувентус, на 12 кола пред крајот на сезоната.