Победоносниот гол на Уругвај против САД донесе многу дебата и контроверзија, има обвинувања за сериозна грешка од ВАР собата, но КОНМЕБОЛ во детали објасни зошто погодокот е регуларен.
Утрово, Уругвај со 1-0 го совлада САД и го елиминираше домаќинот уште во групната фаза на Копа Америка.
По крајот на мечот, фудбалерите на САД имаа многу забелешки кон судиите, сметаа дека се оштетени, односно голот на Уругвај бил од офсајд позиција.
Целата ситуација предизвика многу дебата и контроверзија, но КОНМЕБОЛ во детали објасни зошто погодокот е регуларен.
На Копа Америка нема полу-автоматски ВАР, па се исцртуваа линии. Се користеа неколку агли за да се утврди моментот кога Араухо игра со глава, и потоа се исцртуваа линии од ногата на дефанзивецот Крис Ричарс, и ногата на Оливеира.
На крајот беше одлучено дека фудбалерот на Уругвај е во дозволена ситуација, па затоа голот беше признат.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.