Конфузија во Реал пред „Ел Класико“, направија грешка со составот

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид предизвика мала конфузија кај своите навивачи со објавата на почетниот состав за Ел Класико.

Во официјалниот тим се најде името на Арда Ѓулер, но всушност турскиот фудбалер не беше дел од плановите на Чаби Алонсо за стартниот тим. Наместо него, од првата минута ќе настапи напаѓачот Гонзало, што значи дека Реал ќе игра со класична „деветка“.

Гонзало инаку игра во одлична форма и минатата недела постигна хет-трик против Бетис, а на Светското клупско првенство минатото лето беше најдобар стрелец на „кралевите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×