254
Конечно признание
и од УЕФА за талентот на Елиф Елмас. Македонецот е сместен помеѓу младите
ѕвезди на кои треба да се внимава во сезоната 2019/20.
Европската куќа
на фудбалот секоја година прави листа од 50 перспективни фудбалери кои треба да
блеснат во новата сезона, па по рекордниот трансфер во Наполи, и Елиф Елмас се
најде во друштвото на најталентираниот играчи од стариот континент.
„Настапи за
репрезентацијата на Македонија со 17 години откако Турција се обиде да ги
обезбеди неговите услуги, фудбалерот од средниот ред во јули направи трансфер
во Наполи откако импресионираше во Фенербахче“ – стои во краткиот опис на УЕФА
за Елиф Елмас.
