Конечно познат точниот датум на кој ќе почне процесот против Манчестер Сити

by bojan
1 минути читање
Манчестер Сити

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека во понеделник ќе почне процесот против Манчестер Сити во кои „граѓаните“ се обвинети дека дури 115 пати ги прекршиле правилата за Финансиски фер плеј на Премиерлигата.

Манчестер Сити во февруари минатата година беше обвинет дека ги прекршил правилата за Финансиски фер плеј на Премиерлигата, и тоа дури 115 пати во периодот од 2009 до 2018.

По процесот конечно му се гледа почетокот, како што пренесуваат медиумите од „островото“, во понеделник ќе биде одржано првото рочиште пред независна комисија.

Се очекува сослушувањето да трae и до два месеци, а потоа независната комисија ќе ги разгледа сите докази и ќе донесе одлука.

Се очекува процесот да трае со месеци поради обемот на документите кои треба да се прочешлаат и бројот на обвинувања, па можно е одлуката да пристигне дури во март 2025.

Но и тогаш таа одлука нема да биде финална, Премиерлигата и Манчестер Сити ќе имаат право на жалби.

Како можна казна се споменува одземање на бодови, но и исфрлање во втора лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани