Килиан Мбапе потврди дека целосно се опоравил од повредата на коленото која го мачеше во изминатиот период и поради која имаше намалена минутажа во дресот на Реал Мадрид. Францускиот напаѓач нагласи дека состојбата значително се подобрила и дека веќе нема никакви проблеми, притоа реагирајќи и на шпекулациите во јавноста.
„Коленото е добро, многу подобро. Работите одат во добра насока, иако имаше многу шпекулации и невистини. Тоа е дел од животот на врвен спортист. Се опоравив 100%, имав шанса да добијам одлична дијагноза во Париз. Заедно успеавме да смислиме план за враќање на највисоко ниво со Реал, како и за Мундијалот“, изјави Мбапе.
Тој веќе ѝ се приклучи на репрезентацијата на Франција, која во овој термин ќе одигра пријателски натпревари против Бразил и Колумбија.
Сепак, останува да се види дали ќе заигра и колкава минутажа ќе добие, со оглед на тоа што во последните натпревари за Реал беше внимателно дозираа поради повредата.