Конечно крај на кризата: Динамо победи по седум натпревари!

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб по седум натпревари се врати на победите, откако славеше во дербито против Вараждин (3-2) во 18. рунда на Хрватската прва лига.

Тимот на Ненад Бјелица играше нерешено против Горица, Ријека, Славен и Селтик, а губеше од Борусија, Хајдук и Локомотива. Сега по седум меча конечно дојде до триумф и покрај проблемите.

На овој натпревар потенцијално можеа да настапат дури пет македонски фудбалери. Аријан Адеми и Стефан Ристовски се повредени во Динамо, а кај Вараждин поради жолти картони изостана Димитар Митровски кој е стандарден. Од клупата шанса доби само Ване Јованов, а мечот како резерва го мина Марко Младеновски.

Што се однесува до стрелците, Динамо поведе со 2-0 преку Качавенда и автоголот на Боршиќ. Следеше и автогол на голманот Загорац за 2-1, а до крајот погодуваа уште Пјаца за „модрите“ и Мамиќ за Вараждин.

Со овој триумф Динамо дојде до 29 бода, одлепувајќи се пред Вараждин со кој беше израмнет пред ова коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани