Конечно ќе има ВАР и во македонскиот фудбал

by riste
1 минути читање

Новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ вети дека од наредната сезона ќе има ВАР во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Македонија е една од ретките земји во Европа во кои нема ВАР, од наредната сезона и нашите судии ќе имаат помош од технологијата.

„ВАР ќе биде имплементиран за пррвенството 2025/26, што значи наредната година, затоа што е потребен рок од четири до пет месеци за обука и инсталирање на техниката“, вети новиот претседател на ФФМ, Масер Омерагиќ.

Тој најави и комплетна реконструкција на младинските категории.

„Приоритетите се да имаме комплетна реконструкција на младинските категории каде работите не стојат добро. Ние не го искористивме пласманот на ЕП за да добиеме млади играчи. Таму стагнираме, имаме лоши резултати, па таму ќе направиме една реформа која во две години ќе покаже резултати. Сите треба да бидат расадник за репрезентацијата до 21 година, за потоа тие играчи да влезат во А-тимот“.

„Сите оние добронамерни, кои сакаат да учествуваат во работата на ФФМ, вратите им се широко отворени. Ние сме свесни дека мора да работиме уште понапорно за да имаме подобри резултати. Историските резултати како што е пласманот на ЕП или победата над Италија, ние мора да ги докажеме во наредниот период со континуитет на квалитетни игри и сите оние кои се способни да играат за нашата репрезентација, да играат за неа. Сите мора да ги остават суетите на страна, затоа што се работи за Македонија и секој кој може“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани