Конечно добри вести за фановите на Реал Мадрид, Мбапе се врати!

by riste
1 минути читање

По серијата вести за повредени фудбалери, конечно убава информација за навивачите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе им се врати на тренинзите и ќе биде во комбинација за следниот натпревар.

Мбапе речиси еден месец беше во аут откако почувствува нова болка во коленото. Тој сега се чувствува многу подобро, болките се минато и одработе тренинг со соиграчите.

Се очекува Французинот да биде во тимот на Реал Мадрид за реваншот против Манчестер Сити. Веројатно нема да биде стартер, а дали и колку ќе игра веројатно ќе зависи од резултатот.

Реал Мадрид има три голови предност од првиот натпревар благодарение на хет-трикот на Валверде со кој победи со 3-0.

Мечот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид се игра во вторник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×