Дефанзивецот на Реал Мадрид денеска конечно е повторно подготвен за настап.
По долги 13 месеци од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти, Австриецот повторно е на располагање на својот.
Медиумите од Мадрид пренесуваат дека планот на Анчелоти е денес да му даде минутажа на Алаба доколку Реал Мадрид има минутажа против Лас Палмас.
„Кралевите“ имаат огромна прилика да и побегнат на Барселона на „плус седум“ со што би имале огромна предност пред најголемиот ривал во битката за титулата.
Анчелоти од друга страна добива одлично засилување пред продолжување на сезоната бидејќи е познато дека Едер Милитао ја заврши сезоната и дека Чуамени не ги исполни очекувањата на стоперската позиција.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Лас Палмас се игра во терминот од 16:15 часот.