Се чини дека Нејмар воопшто не е потресен од
новонастанатата ситуација во ПСЖ, поточно кавгата која изби помеѓу него и
Единсон Кавани за време на мечот против Лион во францускиот шампионат, каде
обајцата се испокараа за тоа кој да шутира пенал.
Можеби Бразилецот ни во најмала рака не го
испочитува тимскиот редослед во однос на тоа кој треба да ја преземе улогата на прв изведувач во тие ситуации, но во тоа нема да навлегуваме.
Ситуацијата која настана со Кавани, Нејмар ја остави зад
себе, тој се реши да се препушти на една добра забава во друштво на Ф1 пилотот
на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, и тоа во Лондон.
Нејмар и Хамилтон беа во друштво на поп ѕвездата Рита
Ора, како и моделот на Викторија Сикрет, Барбара Палвин.