Комплетиран еден од најголемите трансфери ова лето!

by Стефан
1 минути читање

Флоријан Вирц и официјално е нов фудбалер на Ливерпул потврди вечерва гигантот од „Енфилд“.

Германецот со овој трансфер му се придружува на својот поранешен соиграч од германскиот тим, Жереми Фримпонг.

„Се чувствувам навистина среќен и горд, навистина чекав долго и сега конечно се е завршено. Возбуден сум за новата авантура што ме чека. Разговарав со неколку фудбалери кои веќе беа во Ливерпул и ми кажаа дека тоа е совржено место за мене. Едвај чекам да истрчам на првиот натпревар“, изјави Вирц по потписот за клупскиот сајт.

За услугите на Ливерпул, Вирц плати сума од 117 милиони евра веднаш, а со бонуси целот трансфер може да достигне и вредност од 136 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×