Комплетен ремонт на бековската позиција во Сити, Гвардиола носи тројца нови играчи

by
2 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Островот се вели дека шпанскиот стратег Пеп
Гвардиола има дури тројца фудбалери на списокот на желби кои играат на бековската позиција, станува збор
за Дани Алвес
(34, Јувентус), Кајли Вокер (27, Тотенхем) и Бенжамин
Менди
(22, Монако) од Монако.

Шпекулациите
велат дека тимот од Манчестер има намера да ги договори сите тројца пред заминувањето на турнејата во Соединетите Американски
Држави наредниот месец.

Познато е дека
Дани Алвес беше едно од првите засилувања за Гвардиола во Барселона во 2008. година,
се чини дека Бразилецот е расположен за нова соработка со својот поранешен
тренер.

Сити наводно има
подготвено понуда за Вокер во вредност од 40 милиони фунти, но Тотенхем за него
бара 10 милиони фунти повеќе.

Истовремено, на
листата на желби на Гвардиола за бековските позиции е Бенжамин Менди, овој
трансфер би го чинел премиерлигашот цели 40 милиони фунти, онолку колку што Монако бара за неговите услуги.


Манчестер Сити
се интересираше и за Рајан Бертранд, но најверојатно Коларов ќе остане во клубот, па нема да има потреба од играчот на Саутемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани