Компаоре и Мато најдобри стрелци есенва во ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Завршија возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига за 2025 година. Есенски првак е екипата на Вардар, откако во последниот натпревар за годинава ја победи Македонија Ѓорче Петров.

На врвот на листата стрелци се најде токму еден од вардарците, односно Роџерс Мато, но тој не е осамен. Со по 12 постигнати голови на врвот на листата се наоѓа и Басиру Компаоре од Струга.

На само чекор зад Мато и Компаоре се наоѓа и Шефит Шефити од Арсими, кој има 11 постигнати погодоци.

  • Листа на најдобрите стрелци во ПМФЛ:
  1. Басиру Компаоре (Струга Трим Лум) – 12
  2. Роџерс Мато (Вардар) – 12
  3. Шефит Шефити (Арсими) – 11
  4. Мартин Мирчевски (Силекс) – 9
  5. Нзенгуе, Омерагиќ, Малески – 8

Возбудувањата во ПМФЛ се враќаат на средината на февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×