Компанија на Мајк Тајсон влезе во трката за правата на „Камп Ноу“

by
2 минути читање

Барселона има во
план да ги продаде правата од арената „Камп Ноу“, а со тоа Каталонците сакаат
активно да се приклучат во битката со коронавирусот, практично, идејата е
средствата да се пренаменат во добротворни цели во битката со пандемијата.

Поранешниот
шампион во тешка категорија во бокс, Мајк Тајсон се надева дека името на
брендот од неговата компанија која се бави со продукти од канабис ќе стои на
арената од стадионот на Барселона, а за ова потврди неговиот бизнис партнер.

Идејата на
Барселона се базира на идната сезона 2020/221, а повеќе големи компании се
приклучиле во трката да го постават името на нивната компанија на
традиционалната фудбалска арена, чие име никогаш досега не е променето, но
каталонскиот гигант со тоа ќе прекрши долгогодишна традиција.

Тоа е одличен
стадион, нешто во што ние гледаме специфично за да ја адаптираме нашата
компанија, сево ова изгледа на фантастична идеја
“ вели Алки Дејвид од
компанијата „СвисХ“ за „ББС Спорт“.

Мојата компанија
се бави со продукти од канабис, а Шпанија има долга традиција во Европската
Унија со тоа што е лидер или либерална земја за патот до нејзијата
легализација, така, оваа идеја  настана
по еден природен пат
“ додава тој.

Запрашан за тоа
дали било каков договор со една компанија на Тајсон би можела да го наруши
имиџот и репутацијата на Барса, Дејвид вели дека сето тоа останува да биде
разгледано и анализирано, подвлекувајќи дека светот е роден на идеи.

СвисХ Ноу Камп
звучи преубаво, тоа е мојот префериран избор во овие моменти, целата идеја
околу овој стадион е уште еден начин да се помогне, гледам голема енергија во
Барселона која застана во целата оваа битка, мојата компанија која првично е
наменета за здравствени цели работи со врвни вирологисти, работиме напорно за
да го затвориме успешно големото прашање со коронавирусот
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×