150
Манчестер Сити долго се мачеше во дуелот со Лестер кој имаше неколку убави шанси за победа, особено во првото полувреме.
Тимот на Брендан Роџерс играше одлично, но во 71. минута Компани со прекрасен удар од далечина ја смести топката во аголот од мрежата на Каспер Шмајхел, погодок кој значеше големи три бода.
На коло пред крајот Манчестер Сити има бод предност пред Ливерпул. Во последното коло Сити му гостува на Брајтон, а црвените го пречекуваат Волвс.