Баерн Минхен доживеа непријатен пораз од Интер на Алијанц Арената и за седум дена ќе мора да победи во Милано за да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Баварците искористија само една од своите шанси, Интер постигна два гола и италијанскиот тим има предност по првиот четвртфинален меч.
„Добро го почнавме мечот, доминиравме во првите 30 минути и можевме да постигнаме еден или два гола, можеби и повеќе“, вели Комапни.
„Доминиравме и во второто полувреме, креиравме шанси, влезе Милер и постигнавме гол. Бевме подготвени на најдобар начин за овој меч и сите одлуки беа од фудбалски причини“.
„Интер беше многу силен вечерва, нам ни недостасуваше Мусиала. Не сакам да зборувам за повреди, но ги имаме пет-шест“.
„Загубивме со 2-1 и не можам да го променам резултатот. Резултатот вели Интер, но ќе видиме следната недела“.