120
Фудбалерите на Комо забележаа шеста победа во 13. коло на Серија А, откако дома славеа против Сасуоло 2-0 (1-0).
Натпреварот на „Џузепе Синигаља“ го решија домашните со два гола. Резулатот го отвори Анастасиос Дувикас со гол по одбиена топка во 14. минута од средбата. Пред паузата спектакуларен обид имаше Нико Паз кој шутна со ножички, ама не погоди.
На стартот на вториот дел Паз изведе мајсторија и му асистира на Алберто Морено за решавачкиот гол за 2-0 во 53. минута.
Комо се наоѓа на шестата позиција со 24 освоени бода, додека Сасуоло има 17 и е деветти.