Комо не се шегува: Нуди 45 милиони за двајца играчи на Милан, и 25+ милиони за млада ѕвезда на Бетис

by bojan
1 минути читање
Фабрегас

Комо има високи амбиции за новата сезона, клубот предводен од Сеск Фабрегас понудил 40-45 милиони евра за во пакет да ги ангажира Малик Чао и Алваро Мората од Милан, како и 25+ милиони евра за ангажман на Хесус Родригез од Бетис.

Газдите на Комо се милијардери, па не случајно клубот лесно одолеа кога Интер овој месец се обиде да го ангажира Сеск Фабрегас како наследник на Симоне Инзаги.

Комо не само што го задржа тренерот, забрзано работи на креирање на тимот за новата сезона и се подготвуваат големи инвестиции.

Неколку извори од Италија попладнево пренесоа дека се подготвени 40-45 милиони евра за во пакет да бидат ангажирани Малик Чао и Алваро Мората од Милан.

Во исто време се работи и на трансферот на Хесус Родригез од Бетис, младата ѕвезда е мета на неколку клубови од Премиерлигата, но Комо на маса стави 25 милиони евра и е пред ангажман на Шпанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×