Комо најави уште една добра сезона, Нико Паз покажа класа! (ВИДЕ)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Комо кои беа едни од најактивните на трансфер пазарот најавија дека можат да имаат уште една одлична сезона и пред своите гледачи го совладаа Лацио со 2-0 во првото коло од Серија А.

Херој на избраниците на тимот на Фабрегас беше Нико Паз кој запиша асистенција и постигна убав гол од слободен удар.

Откако во првото полувреме не видовме погодоци на стартот Паз одлично го пронајде Доувикас кој излезе сам и го матираше противничкиот чувар на мрежата.

Блесна Паз  на 15-тина минути пред крајот кога изведе мало ремек дело и го совлада Проведел кој немаше шанси да интервенира.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Фиорентина славеше минимално на гости кај Каљари, а единствениот гол го постигна Мандрагора.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×