Фудбалерите на Удинезе забележаа убедлива победа во рамките на 25. коло на Серија А на својот „Фриули“.
Популарните „зебрети“ беа подобри од Емполи со високи 3-0 (1-0). Двапати за домашната екипа погоди Јирген Екеленкамп, надоврзувајќи се на голот во минатата рунда против Наполи.
Во завршницата од натпреварот точка на победата стави искусниот француски ветеран Флориан Тован.
Реми без голови одиграа екипите на Монца и Лече (0-0).