Комо со убедливи 4-1 го совлада Удинезе и со овој триумф се качи на 13. позиција на табелата.
Тимот на Сеск Фабрегас одигра одличен натпревари и сосема заслужено го освои целиот плен кој им е многу важен во битката за опстанок.
Комо поведе уште во 5. минута кога Диао даде гол за 1-0, пред крајот на првиот дел Стрефеца погоди за предност од 2-0.
По пет минути игра во вториот дел Пајеро намали на 2-1, а седум минути подоцна Голданига заработи втор жолт картон, Комо остана со играч помалку. Работите на теренот тотално се променија.
Сепак предноста со играч повеќе за Удинезе траеше само шест минути бидејќи во 63. минута Соле заработи втор жолт картон кај гостите по што силите пак беа израмнети.
Во 78. минута Бијол си даде автогол за 3-1, а Паз во 90. минута ги постави конечните 4-1.