Комо ќе ја исполни желбата на Фабрегас, Манчестер сити добива 25 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Максимо Пероне блесна оваа сезона во дресот на Комо и го привлече вниманието на фудбалската јавност. Младиот аргентински играч за врска, кој има само 22 години, беше на позајмица од Манчестер сити, но според најновите информации од „Дејли мејл“, наскоро Комо ќе го откупи неговиот договор.

Комо, клубот предводен од поранешниот ас на Арсенал и Барселона, Сеск Фабрегас, сезоната ќе ја заврши мирно на средината на табелата. Екипата игра солидно, а доколку го задржи ритамот и добие уште неколку засилувања, веќе следната сезона може да стане вистински хит во италијанскиот шампионат.

Пероне важи за еден од најдобрите поединци на тимот, со 24 настапи и три асистенции во својата дебитантска сезона во Италија. Комо е подготвен да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра, што значи дека Манчестер сити ќе направи одлична зделка, тројно враќајќи го износот кој го плати за него.

Фото: Como 1907/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

×