Комо попладнево го потврди трансферот на Серхи Роберто, поранешниот капитен на Барселона стави потпис на двегодишен договор.
Новајлијата во Серија А, Комо е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот.
Попладнево беше потврден ангажманот на Серхи Роберто, поранешниот капитен на Барселона стави потпис на двегодишен договор.
„Ова е нов предизвик, верувам во проектот. Разговарав со сопствениците, ми се допадна она што го слушнав, смемам дека влечат прави потези и среќен сум што ќе бидам дел од сето ова“ – вели Шпанецот кој делеше соблекувална со Сеск Фабрегас во Барселона.
„Кога Сеск стапи во контакт со мене, ми ги објасни амбициите на клубот и како од ниските лиги стигнале до Серија А во период од пет години. Па возбуден сум што ќе му се придружам на овој клуб во подем“.
Серхи Роберто е засилување број 15 за Сеск Фабрегас и Комо ова лето, кои успеаја да привлечат неколку звучни имиња како Рафаел Варан, Андреа Белоти, Пепе Реина и Алберто Морено.