Комо гази и во Купот на Италија, победа во Фиренца за четвртфинале!

by riste
0 минути читање

Екипата на Комо е најпријатното изненадување во Италија, момците на Сеск Фабрегас ја победија и Фиорентина на нејзин терен во куп меч.

Виолетовите почнаа добро, со гол на Пиколи уште во седмата минута дојдоа до водство од 1-0.

Во 20. минута Роберто го изедначи резултатот на 1-1. Така се замина на полувремето.

По 15 минути игра во вториот дел Нико Паз погоди за комплетен пресврт и водство на Комо од 2-1.

А конечните 3-1 ги постави Алваро Мората во 91. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×