Комо броеше до пет против Пиза, тимот на Фабрегас го продолжи походот кон ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Комо продолжува да импресионира во Серија А, откако убедливо ја совлада Пиза со 5-0 во 30. коло.

Тимот предводен од Сеск Фабрегас одигра моќен натпревар и со новите три бода се зацврсти на четвртото место, правејќи голем чекор кон пласман во Лигата на шампионите.

Домаќините ја решија работата уште во првото полувреме со головите на Асане Диао и Анастасиос Дувикас, кој стигна до својот 11. погодок сезонава. Во продолжението следуваше уште поубедлива игра, па мрежата на Пиза ја погодија и Мартин Батурина, Нико Паз и Пероне.

Ова беше 16. победа за Комо сезонава, која дополнително ја потврдува нивната одлична форма. Сега тимот на Фабрегас има 57 бода, три повеќе од Јувентус кој е петтопласиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×