Комитите го посетија тренингот на Вардар: Бараме борба и само борба!

by riste
1 минути читање

Навивачката група на Вардар „Комити“, вчера присуствувала на тренингот на фудбалерите и побарала од нив само борба до крајот на сезоната.

„Претставници на групата вчера присуствуваа на тренингот на тимот.
На сите кои во овој момент раководат со клубот, на стручниот штаб, како и на фудбалерите, јасно им се даде дознаење кои се целите и црвените линии кои не смеат да бидат поминати!
Приказната за клубот на народот, крваво ја градеа илјадници луѓе и затоа нема да дозволиме никој да си поигрува со идентитетот на нашата борба!
Воедно, упативме целосна поддршка до новиот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски и до целиот негов тим.
Бараме само едно: БОРБА И САМО БОРБА!
За крај, упатуваме апел до сите навивачи на клубот, паузата да ја искористиме за најголема комитска МОБИЛИЗАЦИЈА!
Нека пркоси црвено-црното, нека доминира!
НАШАТА ПРИКАЗНА ПРОДОЛЖУВА!“,
стои во соопштението на Комити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани