„Комити“ со поддршка од збратимените „УГЕ“ на европското гостување во Лозана!

by 24 фудбал
1 минути читање

Вардар е подготвен за реваншот со Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига. „Црвено-црните“ се веќе во Швајцарија, каде ќе ја бранат минималната предност од 2-1 стекната на првиот меч во Скопје. Атмосферата во таборот е позитивна, а мотивацијата на високо ниво.

Вардар и овој пат нема да биде сам бидејќи стотина „Комити“ се веќе на пат или веќе пристигнати во Лозана, каде се очекува гласна поддршка од трибините.

Покрај нив, најавено е присуство и на „Ултрас Гелзенкирхен“, навивачката група на Шалке 04 која е збратимена со скопските фанови.

Дополнително, поддршката ќе ја засилат и бројни македонски иселеници кои живеат и работат во Швајцарија и регионот. Натпреварот започнува вечерва во 20:15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×