176
Вардар е лидер на табелата во ПМФЛ, но за време на подготовките во Анталија фудбалерите добија непријатна вест, наводно Сергеј Самсоненко го напушта клубот.
Доколку оваа информација навистина се случи тоа може да биде сериозен удар за лидерот.
Во овие тешки денови за фудбалерите, Комити се обидуваат на секој начин да им дадат поддршка на своите миленици.
Вечерва со песни и бакљи ги пречекаа фудбалерите кои од Анталија се вратија во тренинг центарот во Хиподром.