Комити со автобус патуваат за Трондхајм: За тебе Вардаре и до Сибир малку е

by
1 минути читање

Вардар во четврток го игра вториот натпревар од Лига Европа, црвено-црните му гостуваат на Розенборг.

Иако е премногу далеку, вардаровите фудбалери ќе ја имаат поддршката од Комити кои денеска со автобус тргнуваат за Трондхајм.

„Првото гостување на Вардар во еден натпревар од Лига Европа, и не можеше да биде подалеку, речиси 3300 километри…

Поради лошите авионски конекции и неразумните цени на Чартер-Летовите, ова гостување останува да го одработиме онака “Old School” со автобус…

Не помина многу долго кога како слоган го прифативме оној дека “За тебе Вардаре и до Сибир малку е”…Не е Сибир, но е тука некаде и според климатските услови но и според оддалеченоста…

Собир Денес 26.09 (Вторник) во 11:00ч. на Железничка а ПОАЃАЊЕ во 12:00ч.

Ентузијастички потфат, предизвик и вистински тест на издржливоста…Да не бевме Комити ќе речевме дека е тотално надвор од секој разум и логика, но Комити сме, и совршено ни е логично и јасно:

Одиме за Трондхајм!!!“ – стои во соопштението на Комити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×