Навивачката група на Вардар, Комити се собира пред влезот на тренинг центарот во Хиподром по одлуката да им биде забранет влез на официјалните членови.
Вардар денеска ги почна подготовките за новата сезона, но на членовите на маркетинг тимот не им беше дозволено да влезат во тренинг центарот.
Маркетингот на социјалните мрежи го водат членови на здружението „35 години Вардарци“ кое ја претставува навивачката група Комити.
Ваквиот потег на управата наиде на револт кај навивачите кои повикуваат на масовен собир пред тренинг центарот.
„Во знак на револт и протест, ги повикуваме ВЕДНАШ сите наши членови, екипи и навивачи на клубот, да дојдат пред тренинг кампот во Хиподром.
Денес им беше забранет влезот за сите официјални членови на Маркетинг тимот на клубот, како и за сите останати членови на групата!
Нашиот одговор е јасен: 👇
НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ додека не се решат сите проблеми во клубот и не се испочитува договорот потпишан помеѓу Здружението ,,35 години Вардарци” и Атила Бижен Жалили!
СИТЕ ЕКИПИ – СЕКОЈ ЧЛЕН!
СИТЕ ПРЕД ТРЕНИНГ КАМПОТ!“, стои во објавата на Комити.